АВТОМОБИЛ УДРИ МЕЧКА НА ПАТОТ ДЕБАР-МАВРОВО

Вести

На фејсбук страницата на националниот парк Маврово доцна синоќа беше објавена информација дека е повредена мечка, која може да биде агресивна и опасна за луѓето. Мечката била удрена од автомобил на делницата Дебар-Маврово.

„Ве известуваме дека на потегот меѓу селото Јанче и Ростушки мост од страна на автомобил е повредена мечка. Ги замолуваме спортските риболовци и другите посетители кои ќе се движат на тој потег да бидат многу внимателни бидејќи повредената мечка може да биде агресивна“, објавија од НП Маврово.

Оттаму исто така советуваат дека доколку некој ја забележи мечката, веднаш да ги извести нивните служби.

Previous Post
Кристин Харила се искачи на десет од 14-те највисоки врвови на планетата во рекордно време
Next Post
ЈА ШТИТАМ БЕЛАСИЦА ПОВИКУВА НА ЕКО-МАРШ