Астронаутите на НАСА споделија слики од Хималаите

Вести

Меѓународната вселенска станица (ISS) често споделува воодушевувачки слики од планетата, како и од други тела во вселената и го остава Твитер во стравопочит. Астронаутот и инженер за летање на НАСА Марк Т. Ванде Хеј сподели слика и од завеаните Хималаи и напиша: „Некаде на чист, светол ден на Хималаите. Не можам да се изнагледам“.

Набргу по споделувањето на фотографиите, твитерџиите ги пофалија астронаутитe и беа воодушевени од погледот на планетата од вселената.

Претходен написи
Ирина Дишовска и Лазо Миновски го искачија Ама Даблам
Следен напис
Вебинар „Жени на планина“
Мени