Атомска Мравка 2022

Вести

После 5 дена ужасна врнежлива работна недела за припреми на карпата, Македонска спортско качувачка федерација го организирашњ најголемото натпреварување во спортско качување на Балканот за децата до 14 години.

Се собраа 101 дете, натпреварувачи од Македонија, Србија, Грција, Бугарија и Турција и во дисциплината Тежинско качување, децата се искачуваа на насоки со тежина од 6b до 7а+.

Најуспешните Македонски качувачи од Скопје, Штип и Прилеп се закитија со сребрени и бронзени медали.

Голема благодарност до сите кои учествуваа во организацијата на натпреварот бидејќи еден ваков голем настан е сериозна и напорна одговорност, која не секогаш оди како подмачкано и според планираното.

Медалисти на Македонскиот качувачки тим:
🥈Дарија Ристеска (Ф-женски)
🥈Марко Марков (Ф-машки)
🥉 Калина Ивановска (Е-женски)
🥉Лаура Наумова (Ф-женски)

Previous Post
Кањонот Матка има можност да стане главнa туристичкa еко дестинациja во државатa
Next Post
Portes du Soleil скијање од бајките низ Франција и Швајцарија