Божиќ во Франција – Les2Alpes

Вести

Период на поаѓање: 5 јануари 2024, враќање назад, пристигнување во Скопје 14 јануари 2024 година

Les 2 Alpes втор најстар ски центар во Европа после Chamonix, со ски патеки на еден од највисоките глечери на висина од 3600 м, патеки на кои се скија и во лето. Гратче со околу 2000 жители, сместено на 1650 метри, бројни ресторани и барови за забава во текот на целиот ден.
Les 2 Alpes е познат и по тешката црна стаза (Grand Colouire), перфектно средените долги и широки стази за сите нивоа на скијачи, одлични за вежбање и усовршување на техники. Snowpark 3200. Нуди одлични услови за скијање off piste за љубителите на freeride.
Les 2 Alpes е омилен меѓу младата популација заради својот ноќен живот и најдобри Apres-ski-party. Забавата почнува околу 15 часот во Pano Bar на скијалиштето, а од 17 часот се сели во самиот град, завршува во дискотеката Avalanche до раните утрински часови (како на кого му држи).

Технички карактеристики

Највисока излезна станица: 3558 м, базна станица 1280 м.
Висинска разлика на скијалиштето: 2278 м.

Ски патеки:

  • 93 максимално средени ски патеки со вкуна должина од  225 км  (1200 ха), free-ride терен:765 ха.
  • 19 зелени патеки, 43 плави патеки, 19 црвени патеки, 11 црни патеки
  • 78 (35%) отпаѓа на плави и зелени патеки, 103 km (45%) се црвени патеки, a 44 km (20%) црни патеки.
  • Cross county патеки: 25 km.
  • Глечер  Les 2 Alpes  работи во текот на цела година.
  • Off-piste: Извонредни услови за free-ride.  Посебно теренот  La Grave,  наменет исклучиво за  нив.

Термин:LES 2 ALPES  од 489
 05.01.2024               Ski F R A N C E  2024
LES 2 ALPES                              Максималенбројналица 
 87654321
 СТУДИО “MEIJOTEL”               4 лица    539579659 
 АПАРТМАН 2 соби “MEIJOTEL”   6 лица  515545585655  
 СТУДИО “PLEIN SUD”              2 лица      619739
 АПАРТМАН 2 соби”PLEIN SUD”   6 лица  499539579649  
 СТУДИО “COTE BRUNE ”        4 лица    539579659 
 АПАРТМАН 2 соби”TYROL”          6 лица  499539579649  
 АПАРТМАН 3 соби”TALLEE BLANCHE,   8 лица489509539569629   
 СТУДИО “DIAMANT”                 4 лица    539579659 
*Цените се дадени за пакет аранжман во евра по лице. Плаќање исклучиво во денари според курсот 1€=62 мкд

Програма:

1.ден-петок,  СКОПЈЕ – LES 2 ALPES : Состанок на групата на паркингот кај спортската сала “Борис Трајковски” во 06:30 часот. Поаѓање за LES 2 ALPES.   во 07:30 часот. Се патува преку граничниот премин Tабановце. Патување преку Србија, Хрватска, Словенија, Италија, со попатни паузи и гранични формалности. Ноќно возење.

2 ден-сабота LES 2 ALPES : Пристигнување во попладневните часови и сместување во апартманите. Слободно попладне за запознавање со местото. Ноќевање

3 – 8 ден LES 2 ALPES:  Шест дневно скијање во LES 2 ALPES. Ноќевање.

9. ден-сабота LES 2 ALPES – СКОПЈЕ: Напуштање на собите до 10:00. Поаѓање за Скопје со попатна посета на еден од најголемите шопинг аутлет центри во Италија – VICOLUNGO, непосредно пред Милано. (Нема можност за заверување на Tax free на Хрватска граница поради долгата процедура која може да трае повеќе од 2 ч.)

10 ден – недела СКОПЈЕ: Пристигнување во  попладневните часови.

Во цената на пакет аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус со LCD TV, DVD на релација Скопје– LES 2 ALPES –Скопје
  • 7 дневно сместување во одбрани студиа / апартмани според ценовникот,  во LES 2 ALPES
  • 6 дневен скипас за стазите на LES 2 ALPES
  •  
  • *6 дневен ски пас за LES 2 ALPES, овозможува скијање и во долу наведените ски центри, без посебна надокнада за ски карта.  Нехар травел ќе организира посета на еден или повеќе ски центри, доколку постои заитересираност на групата, со посебна доплата за превоз на лице место.      Минимум 30 учесници по тура.
  • 1 day skipass Serre Chevalier, Puy St Vincent, Montgenèvre/Voie Lactée/Sestrière 20 евра по лице за         1 ден за едно скијалиште во договор со водичот, во зависност од временските услови.
  •  2 days ski pass Alpe d’Huez15 евра по лице за 1 ден
  • Туристички пратител за време на турата 

Во цената на пакет аранжманот НЕ Е вклучено:

  • Постелнина и крпи.
  • Завршно чистење на апартманите.
  • Задолжително патничко, тип Конфорт, осигурување со вклучен додаток за спортско скијање 750 ден.
  • Задолжителна Туристичка такса 15€  по лице за цело време на престој. Се плаќа во агенција, во денари.
  • За ова патување важат Општите услови за патување на Нехар травел со Лиценца “А” бр.УЛ I 13-59, кои се составен дел на секој Договор за патување (освен отказните трошоции кои важат според наведеното за овој ски аранжман).

Повеќе детали во прилог

Претходен написи
Paradiski Les Arcs, Француските Алпи
Следен напис
Македонското скијање загуби голем скијачки работник