Времето денес, претежно облачно со пообилни врнежи од дожд во западните делови. Врнежи од снег имаше само на повисоките планиниски зони над 2000 метри во северозападните делови. Дува умерен до засилен ветер од јужен правец, на места со брзина од околу 70 км/час.
Дождот и благите температури ги влошија условите на ски терените. Викендов единствени услови за скијање ќе има само ски центарот Попова Шапка. Во текот на утрешниот ден претежно облачно со умерен ветар и слаб снег над 2000 метри. Доколку има одредени промени во режимот на работа на ски центарот Попова Шапка, ќе објавиме дополнително инфо.
Викендов скијање само на Попова Шапка
Претходен написи
Адора инженеринг со инвестиции во планински туризам
Следен напис
Женските трки од Марибор префрлени во Крањска Гора