Владата повторно подготвува ваучери за туризам

Вести

Владата повторно подготвува ваучери за туризам. Министерот за економија, Крешник Бектеши во гостувањето во ТВ 21 вели дека е предвидена програма која ќе започне да се реализира во април или мај, преку ваучер системот за помагање на луѓе со ниски приходи и луѓе со социјална помош.

  • Ваучерот ќе биде 15 илјади денари и ќе има дополнително нов механизам преку кој ќе се распределат средствата за првпат, вели Бектеши.

Министерот истакна и дека директно ќе бидат поддржани и хотелите кои не се во туристички дестинации и немале можност да бидат поддржани со ваучер системот.

Претходен написи
Мали хидроцентрали ќе никнат и во националниот парк „Маврово“
Следен напис
Како е низ Македонија утринава
Мени