Воведена забрана на употреба на ратраци за шетање туристи низ Шар Планина

Вести

Директорот на Националниот парк „Шар Планина“, Ибрахим Дехари донел одлука со која се забранува организирање на туристички активности – скијачки тури со ратрак на територија на националниот парк.

Според образложението во одлуката за забрана на употреба на ратраци, мерката се воспоставува за да се спречи оштетување и уништување на биолошката и пределска разновидност, деградација на почвата, губење на нејзината плодност и оштетување врз живеалиштата квалификувани во Планот за управувањето со Националниот парк Шар Планина.

„Ратраците се идентификувани како едни од потенцијалните најголеми закани за заштитеното подрачје со оштетувањата кои ги прават машините во услови на недоволна снежна покривка. Во неколкуте контроли извршени на теренот на кој се организираат ваквите активности евидентирана е потребата за регулирање на оваа дејност. Мерката се воспоставува со цел да се обезбедат поволни услови за заштита и унапредување на природата се до моментот на спогодба за регулирање на меѓусебни права и обврски помеѓу вршители на дејноста и ЈУНП“, се наведува во одлуката потпишана од директорот Дехари.

Одлуката се однесува на неопределен временски период, со исклучок од 20 до 25 март за терени на северната страна на кои имаа доволна снежна покривка за завршување на скијачката сезона.

Претходен написи
Одличен настап и конкурентни перформанси на нашите натпреварувачи на Freeride World Tour Qualifier
Следен напис
Скијањето доби нова кралица незапирливата Shiffrin се одјави со 88 победи 138 подиуми!