Рускиот натпреварувач во ски-скокови Евгениј Климов и неговиот сонародник Вјачеслав Барков јавно ја поддржаа Русија во војната против Украина. Климов изрази поддршка за руската агресија врз Украина, по неговите скокови мавташе кон камерата и ја покажа ракавицата на која беше извезено руското знаме. Но, тој не беше единствениот.
По неговиот настап во Норвешка, неговиот колега Вјачеслав Барков ја демантираше војната во Украина. “Војна? Каде е војната?” Се прашуваше Барков, нарекувајќи ја руската агресија врз Украина „спасувачка операција.“ Тие двајца се меѓу ретките спортисти кои јавно ги искажале своите проруски ставови.