Минатата година, членот на ЦК на партијата Левица, Саше Јанчев, во својот индивидуален подвиг помина 154 километри, за да се поклони пред вечното почивалиште на македонскиот револуционер Гоце Делчев.
Во проширен состав, денес тргнаа две екипи, кои на 4-ти Мај треба да пристигнат на гробот на македонскиот великан. Едната група, составена од членови на Левица од Велес и Гевгелија, тргна од Гевгелија, а другата група тргна од Битола. Целта им е да се спојат во Велес и од таму да се упатат кон вечното почивалиште на Делчев.
Можно е по пат да им се придружат и други другари. Се надеваме дека оваа скромна иницијатива ќе прерасне во традиција, која низ годините ќе станува се помасовна. Им посакуваме лесен пат на нашите другари!