Глобална онлајн премиера на Reel Rock 16

Вести

Најновото издание на најголемите качувачки приказни кои ќе ви донесат возбудлива акција, голема смеа и вистинска инспирација, REEL ROCK продолжува и оваа година, но во онлајн варијанта, во текот на еден викенд од 24-27 март. REEL ROCK качувачкиот документарен серијал стигна до своето 16 издание, во чии рамки, ќе биде повторно претставена најновата колекција на возбудливи качувачки филмови кои ги прикажуваат најголемите приказни и атлети во рамките на качувањето.

Ловејќи ги најголемите приказни од качувачката година, четирите нови филмови на REEL ROCK 16 режирани од креаторите на The Alpinist и The Dawn Wall ви даваат нова доза на инспирација, храброст и хумор. Сведок на незамислив триумф на одлучност, епско патување низ самооткривањето, магична авантура низ целиот свет и експедиција за градење врски што засекогаш ги менува животите.

REEL ROCК проекциите ги прикажуваат најдобрите филмови за алпинистичките авантури на публиката ширум светот и се духовни настани каде алпинистите, авантуристите и љубителите на природата се здружуваат за да ја прослават и искусат сржта на авантуристичкиот филм. Дел од забавата на REEL ROCК 16 ќе бидат и различните презентации, бонус филмови, доделување на награди, панел дискусии, Q+A со алпинистите, и уште многу други изненадувања.

Previous Post
Скопје ќе добие нов простор за „бегство во природа“
Next Post
8 март денот на скијањето на Копанки