Две нестабилни карпи висат над браната на Матка

Вести

На Матка има не една туку две нестабилни карпи кои се опасност. Ова го утврдила Комисијата за брани во Министерството за животна средина и просторно планирање. Карпите се наоѓаат над браната, а ЕВН Електрани побарале од Градежниот факултет да биде изработена програма со мерки и дејствија кои начелно треба да бидат преземени за да биде отстранета оваа опасност за граѓаните.

Овие две големи нестабилни карпи и другите низ земјава е тоа што овие можат да паднат во близина на браната или врз одводниот канал од браната Матка.

  • Генерално размислите одат во две насоки, едната е карпите да бидат стабилизирани на местото на кое се наоѓаат со специјални уреди и механизми со што тие би биле прицврстени за карпата, а втората варијанта е контролирано рушење, соопшт директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.

На втората нестабилна точка, од ЕВН Електрани е ангажирано лице алпинист кој има поставено уред за мерење на поместувањето на карпата, т.н. тензиометар. Овој уред мери колку карпата се движи преку ден и ноќе, односно при промена на температура бидејќи надворешните влијанија се одразуваат на ваквите карпи. Првата карпа е со димензии од 6 до 8 кубни метри или околу 20 тона, додека втората карпа е значително поголема. Овие карпи се нестабилни, но не значи дека се такви од скоро, може се со децении, при евентуален нивен пад може да настане загрозување за Град Скопје, појасни Ангелов.

Previous Post
Кедев го освои и седмиот највисок врв на светот Даулагири на Хималаите
Next Post
Златни правила за планинари почетници