Денис Урубко го искачи К2 и го затвора рекордот

Вести

Денис Урубко утрово во 7:30 часот по локално време се искачи на К2 (8.611 метри). „Бев сам над Камп 4“, напиша накратко Урубко.

За Урубко, К2 е негова трета осумиљадарка во јули, сите без дополнителен кислород. Тој сега има 26 врвови над од 8.000 метри без О2. На Урубко му треба само уште еден за да го надмине рекордот на Хуанито Ојарзабал.

Тој вчера го започна својот „пуш“ кон врвот. Горниот дел на К2 сега изгледа многу поинаку од пред само една недела, кога повеќе од 140 луѓе се искачија. Утрово никој не бил над кампот 4 на приближно 7.900 метри.

Денес е и роденден на Урубко. Којзнае какво неверојатно чувство е да се биде над облаците на врвот на К2 кога полниш 49. Урубко сега е на пат надолу.

Previous Post
Сашко Кедев го искачи и Broad Peak (8051 м.)
Next Post
Decathlon објави огласи за вработување