Жената која го исчисти Монт Еверест

Вести

Постојат оние луѓе кои со својата љубезност, напор, волја и желба да го направат светот подобро место, не инспирираат и нè тераат да веруваме вистински во некое подобро утре. Една од овие луѓе е Марион Ченјо Дупуи, алпинистка која ја доби наградата “Terre de Femmes” во 2019 година, доделена од фондацијата Ив Рошер.

Благодарение на оваа жена и нејзината иницијатива, Монт Еверест стана „полесен“ за неколку тони ѓубре што остана од луѓето. Поточно, за само три години од почетокот на проектот „Исчисти го Еверест“, пред да бидат наградени за нивните напори, Мерион и нејзиниот тим исчистија неверојатни 8,5 тони ѓубре од највисоката планина на планетата Земја.

Ако ова ви звучи импресивно, еве уште еден интересен факт, тоа количество ѓубре е само три четвртини од вкупниот пронајден вештачки отпад на планината. Мерион има амбициозна мисија, а тоа е да го заврши чистењето на Хималајскиот планински венец, а потоа планира да го помине целиот Монт Еверест.

Оваа 39-годишна жена веќе трипати се искачи на Монт Еверест и лично била сведок што направија експедициите на планините во последните 30 години.

„Искачувањето на Монт Еверест треба да биде чиста интеракција помеѓу човекот и природата. Кога стигнав нa врвот во 2013 година, сфатив колку експедициите ја уништија планината. Според мојата проценка, само на врвовите има скоро 10 тони отпад! Како некој кој е вљубен во природата од дете – бев шокирана “, изјави Мерион.

Таа додаде дека природата е витален дел од нејзиниот живот и дека и помага да се чувствува жива. Затоа сака да му помогне на остатокот од светот да се здобие со најдоброто можно искуство. Нејзината врска со природата започнала уште кога била дете. Си играла во шумата и ги учела имињата на дрвјата, растенијата и животните.

Кога пораснала, патувала во Индија и Тибет, каде што живее и работи како планинарски водич повеќе од 17 години. Таа ги убеди локалните власти да го поддржат нејзиниот проект „Исчисти го Еверест“ и доби 50 хималајски јака кои и помогнаа да го спушти отпадот низ планината.

Загадувањето на Хималаите влијае на водата за пиење што ја користат околу две милијарди луѓе кои живеат во индиските и кинеските долини, па битката за почисти планини не е само за заштита на природата. Тоа е битка за подобар и поздрав живот.

Претходен написи
Стартува скијање на Маврово
Следен напис
Силниот југ и дождот го стопираа скијањето на Маврово
Мени