Женските трки од Марибор префрлени во Крањска Гора

Вести

Женските трки од Марибор се префрлени во Крањска Гора

Поради недостаток на снег, женските трки иницијално закажани за 16ти Јануари во Марибор, Словенија се префрлаат во Крањска Гора на истиот датум и во истите термини, согласно соопштението од ФИС денеска.

Дождот и повисоките температури го стопија снегот во Марибор. Контролорите на ФИС ја проценија ситуацијата и ги откажаа двете трки. Програмата се префрла во Крањска Гора каде нема проблем со снежна покривка туку предизвикот е да се спремат терените за скијање односно се натапка свежата снежна површина.

Претходен написи
Викендов скијање само на Попова Шапка
Следен напис
Попова Шапка ги стопираше лифтовите
Мени