Забелеа планините и во Србија

Вести

Силниот дожд што падѓаше вчера во областите на западна Србија се претвори во снег, па така на Златибор, Златар, Голија и Тара се формира бела снежна покривка. Снег падна и на Копаоник и на другите планини во Србија.

Снежната покривка достигнала дебелина од неколку сантиметри. Патиштата засега се проодни, јавува Н1.

Во Србија денеска се очекува умерено до целосно облачно и постудено време, на места со врнежи од дожд и локални врнежи, а во ридско-планинските предели со снег, со формирање на снежна покривка од пет до 10 сантиметри на повисоките места.

Најниската температура на воздухот е од два до осум, а највисоката дневна од шест до девет Целзиусови степени.

Previous Post
Снежно невреме го зафати регионот, Македонија е следна
Next Post
МЕГА ТРАНСФЕРЗАЛА, МЕГА ПРЕДИЗВИК, МЕГА ДОЖИВУВАЊЕ