Завршен натпревар на светското првенство во скајранинг

Вести

На 11 јуни се одржа завршниот натпревар на светското првенство во скајранинг – популарниот скај маратон. Нашите претставници вложија максимум и беа одлични на тешката патека: Дејан Ангелоски со време 5 часа 11 минути се пласира на 23-то место кај мажите, додека Елена Ртоска и Сања Најдовски финишираа заедно со време 7 часа 27 минути и го поделија 27/28 место кај девојките. Александар Кирковски се откажа на половина од трката поради замор.

Со денешните 70 поени кои се додадени на оние од вертикалот, македонската репрезентација има конечни 222 бода и солиден тимски пласман на 12-то место од вкупно 20 рангирани држави.Честитки за постигнатите резултати!

Previous Post
Резултати од светско првенство во скајранинг
Next Post
HALK VELO GREEN ХРОНОМЕТАР ВЕЛОСИПЕДСКАТА ТРКА