Заев ќе ја поврзува Попова Шапка со Брезовица

Вести

Нешто што не им појде од рака на големите алпски ски центри, премиерот ќе го направи токму на Шара. Да ги поврзе Попова Шапка и косовскиот ски центар Брезовица.

Иако има речиси 25 км воздушна линија и растојание меѓу овие два ски центри, премиерите на Македонија и Косово договорија нивно поврзување. Господа, кога вие ќе ги поврзете овие два ски центри, претседникот на skimacedonia гол ќе шета на плоштад.

Изборите се ближат, па пропагандата од страна на сите позициски и опозициски партии е во најголем фантазиски зенит, да се ветува и кажува се што треба и не треба пред локални или парламентарни избори.

Колку вие се грижите за една од најдоходовните туристички гранки каде може да се вртат стотици милиони евра е доказот на терен. Се ќе направите само за пред камери, лицемерно од сите политичари, градоначалници, туристички комори кои 30 години НЕ ПРАВИТЕ НИШТО КАПИТАЛНО. Шестоседот на Шапка го зборевте и веројатно ќе го зборувате една деценија, додека челикот од 40 години старите лифтови пука на сред работа. Гондолата Тетово Попова Шапка прва на балканите за жал е само бледо и носталгично сеќавање. Капиталните инвестиции во овој сектори се повеќе од смешни, развојот е со планови од ден за ден и не вклучува поголема интензивност за забрзување на процесите. Македонските ски центри поставени на најдобрите планини се последни на листата во сите аспекти.

Колку вие се интересирате за ски центрите и колку сте АМАТЕРТИ зборува и фактот што тотално игнорирате, не ја ни консултирате единствената специјализирана асоцијација за зимските ски центри. Нашата организација, СКИ МАКЕДОНИЈА (skimacedonia) некои ја читаат скај маседониа, мислат летаме падобрани.

Некои експерти за зисмки спортови, туризам и скијање не ни знаат дека постоиме, замислете, пропагираат туризам се лапаат државни и странски пари , а тие не се свесни дека повеќе од 7-8 години постои асоцијација за промоција и унапредување на ски центрите во Македонија. Граѓанско здружение кое има инвестирано 100% од капиталот кој го имаме прибрано по разни основи, а цела останата наша активност е чист волонтаризам. Секоја чест на високата свест и одговорност на приватни компании и луѓе свесни за значењето на оваа туристичка и спортска гранка, кои придонесоа низ годините да ја градиме и оддржуваме дигиталната инфраструктура. Покриени се сите ски центри со метеоролошки станици, 24 часа пренос во живо, livestreaming , панорамски камери кои ги нема во источна и југоистчна Европа. Семафори за лифтови и стази. Се трудиме и даваме напор онолку колку можеме, со 100 марки на сметка!

Замислете, ние никогаш не сме добиле грам владина помош, ниту еден проект наш не бил прифатен од владини инстиуции. Oрганизации кои во корелација со владата како демек прават нешто, а што, гледаме сами на терен!

Какви парадоксални ситуации имаме. Доаѓаат странски експерти, пред бројна група новинари, министерства за економија, агенции, комори, изјавуваат дека морате да бидете повеќе присутни во дигиталниот свет. Тоа на нашиве само и пролетува низ глава во стил “аха важи!” и тука завршува се! Ние кои работиме директно на тоа, добиваме само тапкање по рамо , а парите кои се трошат се фрлаат на организации кои се појауваат од денес за утре, финасиите ги трошат за лични цели и личен капитал, од кој корист нема јавниот интерес и секако туризмот и скијањето.

И вие ќе сте ја поврзувале Попова Шапка со Брезовица?? Ве молиме , сакате да ви пишеме јавно што мислат туристичките работници, скијачката или планинарска заедница за вас? Вие, а секако и претходните, copy paste приказна…

П.С Поединци во рамките на ски центрите приватни/државни многу добро си ја знаат и работат работата, супер што постојат!

Претходен написи
Отпочнување на постапка за донесување на Законот за прогласување на Кањон Матка за споменик на природата
Следен напис
Дивоградбата Маврово контолира ли некој нешто
Мени