За прв пат „искачена“ највисоката планина на светот

Вести

Највисоката планина на светот се наоѓа на Хаваите и започнува далеку под површината на океанот

Највисоката планина не е Монт Еверест, туку тоа е всушност Мауна Кеа на Хаваите. Еверест е на 8.848 метри од основата до врвот, додека Мауна Кеа доаѓа на 10.211 метри.

Две лица, инвеститор од Тексас познат по големите авантури и хавајски научник, станаа првите кои целосно се искачија на Мауна Кеа. Основата на врвот започнува шест километри под нивото на морето. Виктор Весково и поморскиот научник Клиф Капоно заработија и Гинисов рекорд за нивното „искачување“ на највисоката планина во светот.

„Тоа беше тридневен настан кој вклучуваше подморница, кајак, возење велосипед и старото добро планинарење“, изјави Весково. „Мислам дека е човечки да се обидeш да ги поместиш границите и да правиш работи што никој досега не ги направил“.

Весково исто така се искачи на Еверест, во 2012 година, што го прави првиот човек што ги посетил највисоките и најниските точки на Земјата. Врвот на Мауна Кеа е повеќе од еден километар повисок од Еверест кога се споредуваат двете од основата до врвот.

Мауна Кеа е свето место во хавајската култура. Се верува дека е дом на божествата (На Акуа), и се вели дека нејзиниот врв е местото каде што Мајката на Земјата (Papa) се среќава со Таткото на небото (Вакеа).

Со оглед на неговото духовно значење, Весково сакаше да го преземе искачувањето со локален научник. „Бидејќи презедов повеќе од неколку научни експедиции низ светот, научив дека е многу важно да се вклучи локалната научна заедница во она што го правиме. Овие места се, на крајот на краиштата, делови од нивниот дом, а не мојот. Не само што е учтиво, туку тие можат да донесат перспектива на мисијата и науката што може да ни недостига“.

Весково рече дека кајакот е еден од најпредизвикувачките делови на експедицијата: „Најпредизвикувачки ми беше кајакот затоа што никогаш не сум возел на толку долга релација. Тренирав колку што можев напорно за овој сегмент, а имаше и двајца други стручни веслачи со мене додека ги минавме 27-те милји до брегот, но богами, тоа беше долг и тежок пат.

Previous Post
Снежната, невидена страна на австралиските планински венци
Next Post
Можете ли да го посочите Монт Еверест?