Ивана Јовановска боса направи 9000+ на Водно

Вести

По 22 часа неспиени, искачени 9.600 метри надморска висина и поминати 42 км на Водно младите скопјани Ивана Јовановска и Јован Димовски успешно го завршија предизвикот Everresting Challenge. Двајцата се членови на најбројниот Планинарски клуб „I love hiking Macedonia“, а својот предизвик го започнаа во 21 часот вечерта во петокот, а го завршија во 18:30 минути наредниот ден во саботата. Дополнителен предизвик за Ивана беше што целиот пат го изоде БОСА со што им упати порака на граѓаните да се грижат за своето здравје. Еверестинг е искачување на висинска разлика од 8848 метри во местото каде што живееш и искачувањето е колку највисокиот врв на светот Еверест.

Planika Trekking планинарски чевли

-После неспиени 22 часа, искачени +9000м.н.в и поминати скоро 42 км, јас и Ивана успешно го завршивме Everesting Challenge! Чувството е прекрасно, ние се чувствуваме уште подобро, но малку изморени. Сакам да упатам посебна благодарност до мојот матичен клуб “I love hiking Мacedonia” кој го организираше целиот настан и се грижеше за нас како учесници. Исто така огромна благодарност до сите што дојдоа и ни ја дадоа несебичната и искрена поддршка!Дечки, ни бевте ветер во грб да знаете! Не можам да ви објаснам колку сум ви благодарен”, објави на Инстаграм, Димовски.

Целта на Еверестинг е побудување на свеста кај жителите на Македонија за здравиот начин на живот и можноста за спорт која ја нуди околината во надворешни услови. Целото искачување се пријавува на светско ниво во асоцијација која вади статистика и која значи кај многуте спортисти, која се споделува и размножува на порталите.

-Во нашиов случај за прв пат во земјата имаме девојка Ивана Јовановска која БОСА искачи 9000+ м.н.в или 21 пат го искачи до врвот на Водно од средно Водно. Неа ја придружуваше воедно и го направи ЕВЕРЕСТИНГОТ како најмладиот учесник на еден ваков настан Јован Димовски. Има едно правило а тоа е да нема спиење во целиот процес на еверстингот, велат од  планинарски клуб „I love hiking Macedonia” кои го организираа настанот.

Едната порака од натпреварот како дополнителен предизвик и како порака до сите, за здравјето треба да се работи. Втората порака која сакаме да ја испратиме до цела Македонија е дека, натпреварувачите ќе ги симнуваме секој пат со целосно електични возила, за да ја оставиме срединита каква што сме ја затекнале, за следните генерации, информираат од планинарскиот клуб.

Извор: Пари

Претходен написи
„The Alpinist“ нов аутдор филм од режисерот Питер Мортимер
Следен напис
Каква алатка за обезбедување е во ранецот на Крис Шарма?