Изгласана е финансиска помош за обнова на планинарскиот дом во висина од 3.800.000 денари

Вести

Советот на Општина Битола на вчерашната седница донесе одлука за финансиска помош за обнова на планинарскиот дом „Копанки“ во висина од 3.800.000 денари или околу 64.000 евра.

Претседателката на Советот на Општина Битола и член на Поинаку , Габриела Илиевска на нејзиниот фејсбук профил напиша дека одлуката е донесена со 16 гласа ЗА.

„ИМ ЧЕСТИТАМ НА БИТОЛЧАНИ, СО 16 ГЛАСА ЗА СОВЕТОТ ДОНЕСЕ ОДЛУКА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА ОБНОВА НА КОПАНКИ! ДЕНЕС СЕ ПИШУВА ИСТОРИЈА ЗА БИТОЛА И КОПАНКИ, СЕКОЈ БИРА НА КОЈА СТРАНА ОД ИСТОРИЈАТА ЌЕ БИДИ! КОПАНКИ ЗА СИТЕ“.

Инаку ПСК „Пелистер“ изврши промена на нивниот статут која е заведена во Централен Регистар дека во случај на престанок на Здружението целиот нивни имот ќе припадне на Општина Битола.

Оштар во неговиот говор кон сите кои беа воздржани или против беше советникот од Поинаку, Иван Чулакоски кој посочи дека : „Политика не се само партиски вработувања, функции и тендери. Политика е на политички начин да стигниш до она што го барат граѓаните…“

Previous Post
Од денес делумна забрана за движење во парк-шумата „Водно“ и во паркот на природата „Гази Баба“
Next Post
Известување на Канцеларијата на ФПСМ