Информација околу случувањата со планинарскиот дом „Даре Џамбаз” на врв Водно

Вести

Краток информативен историјат за планинарските домови во РМ и за функционирањето на домот „Даре Џамбаз”

Планинарскиот дом „Даре Џамбаз” е во сопственост на РМ, кој со политичка одлука во 2018 година е даден официјално на користење на ФПСМ. Вкупно, на територија на РМ има регистрирано 37 планинарски домови. 13 од нив ги изградиле планинарски клубови или приватни лица, а 24 се изградени пред повеќе од 70 години во поранешниот систем од страна на тогашниот Планинарски Сојуз.

Дел од од овие домови денес не фунционираат или се во катастрофална состојба. Нивната судбина е неизвесна , бидејќи се заборавени од државата , а ФПСМ не може да докаже дека е сопственик на повеќето од нив, освен за два дома каде ФПСМ е официјално сопственик со тапија (домот Караџица и Даре Џамбаз).

Главната цел на секој дом (согласно законските регулативи) е да има самоодржливост, наспроти профитот и комерцијализмот кој се повеќе се заговара како концепт на управување на сите идни сопственици или концесионери на планинарски домови.

Досегашниот востановен принцип на управување со секој дом е врз база на концесионерство кое е направено со интерни договори помеѓу државата (општините, локални самоуправи) или ФПСМ од една страна, и концеционерот од друга страна (планинарски клубови, невладини организации или други непрофитни организации регистрирани согласно законот за спорт и закнот за здруженија на граѓани и фондации).

Овој систем на концесионерство, заснован на права и обврски од обете страни, е нарушен неколкупати со незаконско оттуѓување (приватизирање) на неколку домови во РМ (планинарски дом Чеплес, планинарскиот дом на Средно Водно, домот на Матка, Китка и други во најава) кои за жал преминаа во приватна сопственост благодарение на самоволието и корумпираноста на бизнис профитерите и градоначалниците, како и на немањето никава државна стратегија или нејзин интерес да се спречи ваквиот безочен однос на богатите елити наспроти елементарната улога која треба да ја има секој дом – да биде управуван од соодветни планинарски друштва и организации (успешен концепт востановен во Бугарија, Црна Гора, Србија, Словенија, Хрватска).

Немањето на државна стратегија, индолентниот однос на државата кон овој проблем, корупцијата и алчноста на поединци од ФПСМ и неспособноста за лобирање,како и сиромашните планинарски домови, предизвика да се појават многу локални бизнис моќници кои ваквото безвластие и ситуација ја искористија за самоволие и купување за мали пари на домови преку ноќ.

Информација и историјат околу домор „Даре Џамбаз” и хронологија во процесот на примопредавање на домот на новиот концесионер

Домот почнал да се гради во 1950 година од тогашниот Планинарски Сојуз на Македонија. Официјално е отворен во 1952, од кога со правосилна пресуда на Општински Суд Скопје 1 е во сопственост на ПСМ (сегашна ФПСМ). Со таа пресуда е утврдено дека со домот „Даре Џамбаз” од 1963 година официјално управува ПСК Бистра од Скопје се до август 2020 година (57 години), кога после истекот на 4 годишниот концесиски договор помеѓу БИСТРА И ФПСМ (на 28 август 2020), а врз основа на претходно изготвен записник од страна на сопственикот ФПСМ констатирани се (според комисијата за планинарски домови при ФПСМ) низа неправилности во функционирањето на домот , како и недомаќинско работењена сите нивоа во домот (ентериер и екстериер) . Врз основа на тоа, ФПСМ одлучува да распише тендер за нов концесионер каде еден од условите (освен најповолна финасиска понуда) е да се пријави исклучиво Планинарско-Спортски Клуб. На тендерот се јавуваат два клуба – ПСК Бистра од Скопје како досегашен концесионер, и новоформираниот ПСХ H2О (поранешен клуб Макпетрол) кој достави најповолна понуда од 45.000 евра (зад која стои фирмата Милениумски крст).

На ваквата одлука, ПСК Бистра поднесува жалба до Собранието на ФПСМ која со мнозинство гласови ја одбива жалбата како неоснована и ја потврдува одлуката на претседателството на ФПСМ како конечна со што сите водени постапки од БИСТРА не го одлагаа извршувањето на одлуката .

На 24,12 .2020 испратено е писмо до ПСК Бистра за мирно примопредавање на домот, но БИСТРА во меѓувреме поднеле тужба до надлежен Управен суд за времена мерка за забрана за вселување.

Управниот Суд со решение У-3 бр.441 од 2020 год ја отфрла тужбата на ПСК Бистра.

На 15 март 2021 Бистра го ја информира ФПСМ дека постапката не е правосилно завршена и БИСТРА ја продолжува постапката до повисоки судски инстанци.

На 16 март 2021 во присуство на нотар, но без судско решение и без присуство на полиција домот насилно го превзема ПСК H2O кој според договорот, во следните 5 години ќе управува со овој дом.

Игор Смилев

Претходен написи
Ски центар Копанки Пелистер амбиент
Следен напис
Како двајца Словенци се искачија на највисокиот оџак во Европа
Мени