Ирина Дишовска и Лазо Миновски кампуваат на Шара во зимски услови

Вести

Планинарската двојка Ирина Дишовска и Лазо Миновски изминатиов викенд направија кампување на на Шар Планина, на минусни температури кои се спуштија дури и 20 спепени под нулата.

Ирина Дишовска, правник од Тетото, но по пасија планинарка, во своето ексклузивно интервју за Женски Магазин вели дека оваа идеја е директно поврзана со нејзината замисла еден ден да се искачи на некој Хималајски врв и според тоа, кампувањето на минусни температури треба да биде нешто со кое ќе мора да се носи на Хималаите. Шар Планина во зима е совршен избор за вакви припреми.

Со искачување планини се бави од свои 15 години, иако последниве 5 години е најактивна. Родена е во Тетово, па планинарењето доаѓа природно за оние кои сме родени во градот под Шара. Нејзиниот прв матичен планинарски клуб е ПК „Љуботен“ од Тетово, но откако се сели во Скопје се зачлениува во „I love hiking“.

На прашањето дали со планинарење се бави аматерски или професионално, вели дека планинарењето не може да биде професија, тоа е пасија, која станува секојдневие, и го менува начинот на живот. Професија може да биде платен спорт, како што е фудбалот или ракометот на пример.

Целото интервју прочитајте го на Женски Магазин.

Претходен написи
Водечката во спуст Goggia го пропушта главниот настан сезонава
Следен напис
Ски амбиент Попова Шапка
Мени