Кедев го освои и седмиот највисок врв на светот Даулагири на Хималаите

Вести

Македонскиот кардиолог и академик Сашко Кедев се искачи и на седмиот највисок врв на светот Даулагири 1 на Хималаите, висок 8.167 метри, како дел од 22-члена експедиција, од која 12 Непалци и десетмина странци.

Кедев на 27 септември минатата година вторпат го освои осмиот највисок врв во светот Манаслу (8.163 м), а се има искачено на сите седум највисоки врвови на сите континенти

Даулагири е планински венец на најзападниот дел од Хималаите, кој до 1832 година се сметал за највисок врв на Хималаите. Покриен е со леденици и прв го освоила швајцарска експедиција во 1960 година.

Експедицијата водена од тимот на „Мингма Џи“ е прва сезонава што се искачи на врв над 8.000 метри.

Претходен написи
Маврово за работни денови функционална само Корија-Едносед
Следен напис
Две нестабилни карпи висат над браната на Матка