Кога ќе ги пуштаат лифтовите?

Вести

Едно од најчесто поставуваните прашања, никој не прашал, како сме, што сме, арни ли сме, пиво да не треба да пратиме!

Засега само скијање на сопствена енергија е единствената опција за уживање во планината.

Попова Шапка има најголеми изгледи да биде пуштена наскоро, имајќи ги во предвид количините на снег кои наврнаа периодов. Но, постои и варијанта после пуштањето лифтовите, набргу да запрат заради метео прогнозата која покажува суви денови без изгледи за нови врнежи. Но, барем двоседите и шестоседот треба да останат во игра за рекреација и скијање околу Церипашина.

Останатите центри, освен Маврово исто така се зависни од милоста на горниот. Па дури и кај Мавровци можноста да се прави снег, деновиве е ставена под прашалник заради благите температури кои не дозволуваат сериозно или никакво производство на снег.

Очекувањата се дека поголем дел од центрите ќе почнат да работат кон крајот на декември или на почетокот на јануари.

За да не седите во неизвесност препорачуваме да го следите овој инфо линк. Проверете како е низ ски регионите, а често ќе ги обновуваме и информациите за оперативност на ски лифтовите.

фото skimacedonia 12.12.2020

Претходен написи
Словенецот Martin шокира со победата во Val d’Isere на првиот спуст сезонава
Следен напис
Shiffrin со емотивна победа во Courchevel
Мени