Конкурс за најдобра планинска фотографија (по повод Денот на планината – 11 Декември)

Вести

ПК Македон по повод денот на славјето на нашето „Свето царство”, спортски и социјален терен – 11ти декември, Денот на планината – решивме да направиме конкурс за три најдобри фотографии инспирирани од моменти на нашите планини, кои вие низ вашите патувања сте ги овековечиле.
Некој слика на платно, некој со очи ги врежува в себе пејсажите и моментите, а некои тоа вешто го прават со своите камери.
Услови и критериуми за аплицирање:
• Фотографијата треба да биде од мобилен телефон.
• Да биде минимум 1600 пиксели.
• Да е ваше автентично дело, фотографирана на македонските планини
• Да биде направена во изминатите три години (од 2018 – денес).
Вашите избрани дела испратете ни ги најдоцна до 09.12.2021 до 12:00ч на нашиот e-mail sliki.makedon@gmail.com со поднесување на:
• Максимум 3 фотографии,
• Ваше име и презиме,
• Краток опис или креативна дескрипција на фотографијата,
• Датум и локација.
Избираме вкупно три фотографии за прво, второ и трето место.
НО ТОА НЕ Е СЕ!!! Соодветно на првите три пласирани, спремивме интересни награди што се надеваме малку ќе ве поттикнат и мотивираат да ни испрaтите фотографија:

  1. Прво место:
    Вредносен ваучер од 3,000.00 денари oд кај нашите пријатели @Scout Outdoor Shop.
  2. Второ место:
    Бидејќи секогаш ни претставува големо задоволство да поддржуваме млади и локални иницијативи/бизниси, а особено предводени од жени, авторот на второпласираната фотографија ќе биде награден со интересна топографска мапа од врв по негов/нејзин извбор. Мапата е насликана на платно од креативното катче на @Podari Planina.
  3. Трето место:
    Оваа година нашата @Федерација за планински спортови издаде еден сеопфатен, стручен и навистина квалитетен прирачник, кој е убаво секој планинар да го поседува. Токму затоа, овој прирачник – UIAA прирачникот за планинарење на македонски јазик – ќе му биде доделен на добитникот на третото место. Ова навистина ќе му послужи на секој кој сака да се афирмира во овие спортови.
    Избирањето на фотографиите ќе биде од страна на жири составено од планинари и фотографи од и надвор од клубот.
    Добитниците на првите три места ќе ги објавиме на Денот на планина, 11 декември на нашите социјлни мрежи. Ве охрабруваме да се пријавите!
Previous Post
Оваа зима не чекаат правила на европските скијачки центри кои се дефинирани согласно епидемиолошката состојба.
Next Post
Скијачка приказна – Запознајте го Alberto Tomba, лошото момче на скијањето