Копанки почна летен режим на работа

Вести

Овој викенд, 23 и 24 мај ски центарот Копанки на Пелистер ќе биде оперативен за рекреативни активности. Планирано за секоја недела зависно од временските услови со работно време од 10:00 часот до 14:00 часот. Цена на карта за едно возење изнесува 100,00 денари, а дневен билет – 300,00 денари.

Функционирањето на жичарницата на Копанки за викендите за време на летниот период ќе овозможи дополнителна промоција на Пелистер како туристичка дестинација, посебно за алтернативните форми на туризам, планинарство, даунхил велосипедизам, параглајдингот, алпинизамот и други области кои во рамките на својата примарна дејност заеднички со хотел Молика ќе делуваат меѓусебно и ќе соработуваат од заеднички интерес за реализација на сите програмски активности.

На располагање покрај спортските активности е и хотелот Молика со ресторанот кој нуди исклучителна панорамски поглед и квалитетна храна.

Претходен написи
Снегот се врати над 2000м
Следен напис
Целодневни АТВ викенд авантури на Караџица
Мени