Куче 13 часа греело повреден планинар со своето тело

Вести

Хрватската планинска спасувачка служба соопшти дека вчера утрото е завршена една од најтешките спасувачки операции кои ги организирала и дека е спасен повреден планинар кој се лизнал низ падина од 150 метри на највисокиот врв на Велебит (Вагански врв). Во акцијата учествувале 27 спасувачи од Госпиќ, Задар, Сплит и Истра. Повредениот планинар се наоѓал на многу непристапен терен, а акцијата за спасување траела речиси девет часа.

Спасувачите објавија и детал на Фејсбук кој ги воодушеви сите. Имено, заедно со планинарот се лизнало и неговото куче. Тоа не било повредено и се свиткало покрај планинарот, греејќи го со своето тело цели 13 часа.

– Од овој пример, сите можеме да научиме како да се грижиме еден за друг, напишаа спасувачите.

„Пријателството и љубовта помеѓу човекот и кучето нема граници. Поради низа несреќни околности вчера попладне заедно се лизнале по падината. Заедно во среќни и тешки моменти таков е животот. Норт поминал без повреди, но неговиот пријател, млад планинар, немал толку среќа“, напиша хрватската спасувачка служба на Твитер.

Previous Post
34 планинари по 11-ти пат првото изгрејсонце го дочекаа на Пелистер
Next Post
Како всушност функционираат ски-центрите
Menu