К2 претворен во свињарник

Вести

Планинарите изразија жалење за состојбата на К2 откако беа објавени фотографии на кои се гледа втората највисока планина во светот расфрлана со остатоци што ги оставиле алпинистите. Сликите направени високо на планината во Кашмир покажуваат искачување преполно со пластични шишиња и фрлени шатори, јажиња и лопати.

Фотографиите беа споделени на Инстаграм од Флор Куенка, перуанска алпинистка, која рече дека К2, заедно со другите планини, се претвораат во „свињарник“ од „будали кои се искачуваат по планините за да го задоволат своето его“.

Таа вели дека планинарите се искачувале со сѐ поголеми резерви на храна и боци со кислород, кои ги фрлиле надолу.

„Ние треба да бидеме планинари, зошто и го правиме ова на планината?“ – рече Куенка.

Previous Post
Ги почасти во ValThorens
Next Post
ФПСМ започна со обука за планинарски водичи во Косово