К2: Со или без кислород?

Вести

„К2 зимски беше опасен предизвик. Цврсто верувам дека подвиг од таков калибар никогаш не е можен ако немате цел или ако е наменет само за ваша лична слава“ – напиша Нимсдаи на својот блог во врска со неговиот последен предизвик, искачувањето на К2 зимски.

Во врска со дилемата дали го искачил врвот без дополнителен кислород Нимсдаи додава: „Безбедноста на мојот тим е и секогаш беше мојот врвен приоритет. Досега водев 20 успешни експедиции и сите членови на мојот тим се вратија дома точно на начинот на кој заминаа, т.е. без да изгубат прсти. Преземав пресметан ризик овој пат и притиснав без дополнителен кислород. Мојата самодоверба, знаејќи ја силата, способноста и искуството на моето тело од искачување на 14 x 8000, ми овозможија да бидам во чекор со останатите членови на тимот, а сепак да водам. РАБОТАТА Е ЗАВРШЕНА! К2 ЗИМА БЕЗ ДОПОЛНИТЕЛЕН КИСЛОРОД!“

Претходен написи
Marta Bassino со две “Златни лисици” во Крањска Гора
Следен напис
К2: Првата фотографија од врвот
Мени