Летен јунски камп Хинтертукс Австрија

Вести

Алпскиот скијачки клуб СКАДИ од Скопје, организа детски скијачки камп на добро познатата дестинација, австрискиот глечер Хинтертукс. Глечерот Хинтертукс е постојана тренинг станица за голем број скијачки клубови од Европа, 365 дена, а особено во летниот период.

Тренинзите се одвиваат на патеки поставени од професионални тренери со долгогодишно искуство и резултати, покрај големи ѕвезди и имиња од светот на алпското скијање.

Поаѓањето е на 13 јуни 2022 година, престојот е во траење од 10 дена


Што содржи програмата од летниот скијачки камп:

  • училиште за скијање (деца кои не сакаат да одат во клуб, a сакаат да уживаат во скијање)
  • клубска програма за натпреварувачи (деца кои се членови на кој било клуб во МК и сакаат да тренираат заедно)
  • фитнес тренинг
  • факултативни излети и посети на различни места во регионот на Тирол, Австрија
  • планински прошетки и тури
  • можност за набавка на скијачка опрема од најпознатите скијачки брендови по клубски цени (доколку некому му треба)
  • многу забава, дружење и социјализација !!!
    Бројот на места е ограничен
    Пријавување и резервации најдоцна до 08.06.2022 година
    подетални информации:
    070 32 71 72 Александар
    077 77 16 18 Димитар
Previous Post
Тројца македонски планинари го искачија врвот Брајтхорн на Алпите
Next Post
Западната Македонска Трансверзала 2022