Македонија отвара конзулат во Златибор

Вести

Владата ќе отвори почесен конзулат на Македонија во Србија со седиште во Златибор.

Одлуката која е објавена во Службен весник, потпишана од вицепремиерот Артан Груби.

Во одлуката стои и дека се задолжува Министерството за надворешни работи да ја спроведе.

Овој скијачки и планински центар нема значително присуство на македонски граѓани и нејасно е зошто владата отвара конзулат во оваа туристичка дестинација која е општо малку посетена од македонски туристи. Одлуката потпишана од Артан Груби, ја спроведува Шефот на дипломатијата Бујар Османи.

Неодамна токму во овој ски центар градежната компанија АДОРА Бизнис група во сопственост на Чифлиганец, започна да инвестира во комбинирано хотелско-апартмански објект.

Претходен написи
Колку скали треба да искачите за да стигнете до врвот на познатите планини?
Следен напис
Непалските комплицирани правила за искачување на Еверест