Македонската скајранинг репрезентација по втор пат беше дел од европското првенство кое овој пат се одржа во Португалија. Со четири натпреварувачи на првенството и за жал без женскиот дел од тимот дадоa максимум за што подобар индивидуален и тимски пласман, а со вкупно 102 бодови тие се пласираа на 11-то место од вкупно 20 репрезентации.
На дисциплината SKY во должина од 35 километри со 3500D+ настапија:
- Дејан Ангелоски (16 место, 4:34:58)
- Александар Кирковски (24 место, 5:13:59)
- Марјан Бонев (29 место, 6:01:01)
Во најтешката дисциплина ULTRA со 65 километри и 6500D+ настапи Никола Илиевски, кој за жал мораше да се откаже на 42-риот километар. Надвор од рамките на европското првенство на отворениот старт на 35 километри настапи Димитар Тодоровски и ја заврши трката за 5:49:58 на 26 место во опен категоријата.
Присуството и претставувањето на Македонија на овие големи собири е примарна цел и големи честитки за целиот тим, а особено сме горди на нашиот најдобар тркач Дејан Ангелоски кој со само 21 година уште еднаш постигна исклучителен резултат и се носеше со некои момци од светската елита.