Македонските сноубордери со две бронзи од натпревари во Босна

Вести

Во тешки временски услови, македонските сноубордери освоија два бронзени медали на меѓународниот ФИС натпревар што се одржа во Босна и Херцеговина. Иван Георгиев освои бронзен медал во категоријата „Slopestyle“, а Марко Петровски го освои вториот бронзен медал во истата дисциплина, во ФИС сениорската категорија.

Македонските спортисти кои се дел од скијачката федерација на Македонија, учествуваа на четири ФИС натпревари што се одржаа во скијачкиот олимписки центар на Бјелашница во Босна и Херцеговина, каде има солидни услови за фристајл. На натпреварот одличен настап имаа и Неда Добреска и Бојан Скендеровски, кои освоија значајни ФИС поени.

„Навистина сум горд на постигнатите резултати, бидејќи спортистите покажаа силна концентрација и ментална подготовка и покрај тешките временски услови успеаја да постигната значајни резултати. Ние продолжуваме да работиме посветено и во континуитет да ги подобруваме перформансите на нашите спортисти, бидејќи нашите цели и планови се насочени кон постигнување на уште подобри резултати“, истакна Кирил Насков, тренер во Скијачката федерација на Македонија.

Од почетокот на 2022 година за македонските сноубордери на меѓународните ФИС натпревари освоија два златни, еден сребрен и шест бронзени медали.

Спортистите кои беа дел од овие ФИС натпревари се членови на сноуборд клубот Полар. Клубот работи на спортска едукација на деца и младинци од 1996 година. Со своите активности клубот Полар дава голем придонес во развојот на зимските спортови, особено насноубордингот. Од основањето до денеска во клубот членувале и биле дел од неговите активности над 4.500 деца и младинци.

Previous Post
Најмоќната реклама за македонскиот зимски туризам
Next Post
Исчистени сите пристапни патишта кон Копанки и Нижеполе