Македонски планинари и велосипедисти се искачија на највисокиот врв на Килиманџаро

Вести

Лазо Миновски, Никола Нешкоски и Иља Деревјев станаа првите Македонци кои со велосипед ја искачија највисоката планина во Африка, Килиманџаро во Танзанија. Тие го комплетираа својот предизвик вчера, кога пристигнаа на 5.895 метри високиот врв Ухуру, заедно со планинарите Ирина Дишовска, Кирил Начков и Филип Христов, кои го направија тоа на традиционален начин.

Миновски, Нешкоски и Деревјев ја започнаа својата авантура на 14 февруари од градот Аруша, кој се наоѓа на надморска височина од 1.400 метри. Откако вчера стигнале и преспале на надморска височина од 4.700 метри, тие на полноќ по локално време тргнале кон Ухуру, до каде што им требале пет и пол часа.

Претходен написи
Виртуелно патување Охрид – Св. Наум зимска идила
Следен напис
Ноќно скијање на Пониква
Мени