Меѓународен ден на планината 2021

Вести

Темата на овогодинешниот Меѓународен ден на планината (IMD) на 11 декември ќе биде одржлив планински туризам. По тој повод, ФПСМ организира Презентации на ден 14.12.2021 година во ДХО Даре Џамбаз, сала 1, од 18:30 до 20.00 часот на следните теми:

– Планинарска ориентација БМУ првенство во Црна Гора
– Скајранинг, светско првенство во Шпанија
– Еразмус +, планинарските домови, патеките, качувачките локалитети
– Промоција на Прирачникот за планинарење – лето од „УИАА“

Одржливиот туризам во планините може да придонесе за создавање дополнителни и алтернативни опции за егзистенција и промовирање на ублажување на сиромаштијата, социјална инклузија, како и зачувување на пејзажот и биолошката разновидност. Тоа е начин да се зачува природното, културното и духовното наследство, да се промовираат локални занаети и производи со висока вредност и да се прослават многу традиционални практики како што се локални фестивали.

Планинскиот туризам привлекува околу 15 до 20 проценти од глобалниот туризам. Туризмот, сепак, е еден од најпогодените сектори од пандемијата Ковид-19, кој влијае на економиите, егзистенцијата, јавните услуги и можностите на сите континенти. Во планините, ограничувањата на пандемијата дополнително ја зголемија ранливоста на планинските заедници.

Оваа криза може да се гледа како можност да се преиспита планинскиот туризам и неговото влијание врз природните ресурси и средствата за живеење, подобро да се управува со него и да се искористи за поотпорна, зелена и инклузивна иднина.

Previous Post
Чо Оју (8201 м) зимско искачување 2021/22
Next Post
Науката за вежбање на ексремно студено носете мерино