Младински планински камп “Љуботен 2021”

Вести

ПК Македон во соработка со Младинската Комисија и Центар за обука при ФПСМ организира регионален едукативен камп за млади од Скопскиот регион. Целта на кампот ке биде младите да се запознаат со основите на планинарењето преку теоретски и практични предавања, едукативни интерактивни игри и работа во пракса, односно на терен.

Кампот ке се оддржи на 25-ти и 26-ти септември 2021 година во Вила “Љуботен” на Шар Планина кој се наоѓа на надморска височина од 1700м под врвот Љуботен. ПК Македон ќе обезбеди материјали за едукација, опрема, лаптоп за презентации, храна и превоз за учесниците и искусни ментори со лиценца за планинарски водичи при ФПСМ.

Бројот е ограничен на 12 учесници кои се на возраст од 15 до 26 години, плус предавачи и помошници на кампот. 

Програма на кампот:

Ден 1 – 25.09.2021 година САБОТА

07:00 – 07:30 – Регистрација на учесниците и поаѓање кон Старо село
07:30 – 09:00 – Пристигнување на учесниците во Старо село
09:00 – 11:00 – Пешачење од Старо село до Вила Љуботен
11:00 – 11:30 – Сместување во Вила Љуботен
11:30 –  12:30 – Практична вежба за основна планинарска опрема
12:30 – 13:00 – Практична вежба за движење во планина
13:00 – 14:00 – Ручек
14:00 – 15:00 – Поставување на шаторите
15:00 – 16:00 – Прошетка во околината
16:00  – 17:00 – Практично предавање за ноќно движење во планина
17:00 – 17:30 – Ужина
17:30 – 18:00 – Теоретско предавање за логорување
18:00 – 19:00 – Игра палење на логорски оган
19:00 – 20:00 – Забавни активности и игри покрај оганот со музика
20:00 – 21:00 – Вечера
21:00 – 23:00 – Едукативни планинарски филмови
23:00 – Ноќевање

Ден 2 – 26.09.2021 година НЕДЕЛА

07:00 – 07:30 – Будење
07:30 – 08:00 – Утрински вежби за истегнување
08:00 – 09:00 – Појадок
09:00 – 11:00 – Теоретско – практично предавање за ориентација во просторот
11:00 –  12:00 – Практична вежба – барање на предмет со GPS
12:00 – 12:30 – Слободни активности
12:30 – 13:00 – Предавање за пакување на ранец и игра за пакување на ранец
13:00 – 13:30 – Собирање на шаторите
13:30 – 14:30 – Ручек
14:30  – 15:00 – Презентација за работата на младинска комисија
15:00 – 15:30 – Доделување на дипломи
15:30 – 16:00 – Пакување и поаѓање
16:00 – 18:00 – Движење од Вила Љуботен до Старо село
18:00 – 20:00 – Патување од Старо село за Скопје

Пријавување до 22.09.2021 со претходно пополнета пријава за учесници и согласност од родител во прилог. На кампот ќе бидат запазени мерките и протоколите за КОВИД-19, односно носење маски при транспорт, во затворена просторија и држење на соодветна дистанца.

Претходен написи
Дивоградбата Маврово контолира ли некој нешто
Следен напис
На Копанки активности за поквалитено скијање
Мени