Многу возбудa викендов под рефлекторите во Åre

Вести

Многу возбудувања во Шведска викендов на Светкиот Куп во Алпско скијање под рефлекторите во Åre

Petra Vlhova ги зголеми шансите за титула во генерален пласман од викендот по скијањето во Jasna со што се здоби со третман на вистинска национална ѕвезда и нејзиниот тим го користеше службениот авион на Словачката влада која организираше чартер лет за транспорт на тимот на Vlhova директно за Шведска за слалом трки во Åre.

На првиот слалом, Vlhova го одбрани водството од првата трка во слалом за јубилејна 20та победа во кариерата и заврши за 0.20 секунди пред последно крунисаната светска шампионка Katharina Liensberger од шампионатот во Кортина, за 0.64 секунди пред Mikaela Shiffrin.

Shiffrin по направена грешка почетокот, до крајот притисна со одлично скијање.
“Горда сум со ова трето место повеќе и од некои победи во кариерата, бидејќи осетив како го заслужувам со борба. Мора да се борите до крајот и чувствувам како го правев тоа.”-изјави Shiffrin.

Vlhova и Shiffrin се во мртва трка за титулата во слалом сезонава заедно со Liensberger во финишот на натпреварите на Светскиот Куп.  

Vlhova во прославувачко расположение за преземеното водство пред Gut-Behrami во генералниот пласман која пак настапува само на брзинските дисциплини. Таа се враќа во позиција да стане првата скијачка од Словачка што ќе освои титула во генерален пласман на Светскиот Куп во Алпско скијање.

Најголем доказ за тоа колку оваа титула во генерален пласман им значи на Словаците (земја со 5,5милиони жители) е што националната програма на Словачка ТВ не пренесувала скијање во живо се до појавата на Vlhova и нејзината претходничка Veronika Velez-Zuzulova, односно по нивни почетни успеси.  По велосипедската мега ѕвезда Peter Sagan, Petra Vlhova е следниот најпопуларен спортист во Словачка. Победа за нивната скијачка го крева нивото на очекувања и притисок од јавноста за еден спортист како за Олимписки настап за својата земја.

Mikaela Shiffrin која со доста емоции па дури и лутина го напушти настанот на слалом во Jasna, покажа дека се уште е главен фаворит со своето скијање и со уште само една победа во слалом сезонава ќе дојде до рекордна победа од вкупно 46 за да го сруши рекордот на легендата Ingemar Stenmark во една дисциплина. Shiffrin сега е на 45.

Претходен написи
Liensberger ја престигна Shiffrin и го прекина 6 годишниот пост на Австрија
Следен напис
Freeride World Tour најдобри моменти Fieberbrunn
Мени