На ВОДНО 2.000 ПЛАНИНАРИ, ВЕЛОСИПЕДИСТИ СЕ НАТПРЕВАРУВАА ЗА „Прв до врв“

Вести

Настан која секоја година става акцент на зачувувањето на животната средина се одржа по десетти пат, на Водно , а годинава со навистина голем интерес за оваа манифестација.

Велосипедската трка започна пред Музејот на град Скопје, а планинската трка пред ОУ Кочо Рацин.

На овој спортско-рекреативен настан годинава учествуваа над 2000 велосипедисти, планинари и рекреативци, кои со планинарење, трчање или возење велосипед го качуваа Водно.

Организатор на трката е Здружението за спорт и рекреација ПРВ ДО ВРВ, а настанот е со поддршка на Градот Скопје и комерцијални спонзори.

Резултати овде

Previous Post
Шар Планина се буди
Next Post
Ултра-траил маратонци од светот трчаа 100км низ Охрид