На суд за бесправното градење на бунгалови во Леуново

Вести

Утре во Основниот суд во Гостивар почнува судскиот процес против таткото и ќерката обвинети за бесправно градење на бунгалови на брегот од Мавровското Езеро. Гостиварското обвинителство на почетокот на февруари годинава поднесе обвинение против татко и ќерка, државјани на Косово, како и против нивната фирма, заради бесправно градење на бунгалови во Леуново, блиску до езерото. д Основното јавно обвинителство Гостивар изјавија дека обвинителниот акт поднесен од Основното јавно обвинителство Гостивар е одобрен од надлежниот суд и дека судскиот процес за предметот започнува на 31 март.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на крајот на минатата година отвори предмет за да го испита настанот и се водеше предистражна постапка. По неколку месеци беше утврдено дека инвеститорите добиле наредба да запрат со градежните активности, но сепак тие продолжиле да ги градат објектите спротивно на закон.

Во соопштението за поднесениот обвинителен акт пишуваше дека се однесува на две физички и едно правно лице за кривично дело – Бесправно градење од член 244-а од Кривичниот законик.

По издаденото решение (на 15 септември, минатата година) за уривање на девет куќи под хотелот „Радика” кај селото Леуново, Маврово, кое беше извршно и по кое никој не постапи, второстепената комисија на Владата за инспекциски надзор деновиве го поништи ова решение. Жалбата поднесена од инвеститорот „Радика ресорт”, во сопственост на косовскиот државјанин Шериф Рамука, против кого има и кривична пријава токму за овие градби, комисијата утврдила повреда на постапката на овластениот градежен инспектор на Општина Маврово Ростуше.

Под хотелот Радика се изградени 17 вили, девет се во градба, а планот е тука да се изградат вкупно 87 типски објекти на земјиште кое Општината Маврово Ростуше му го продала на сопственикот на хотелот „Радика”. Инвеститорот, според решението на градежниот инспектор од Општина Маврово Ростуше нема одобрение за градба и имаше 15 дена рок сам да си ги урне дивоградбите. Се разбира ниту тој, ни пак општината тоа го стори, а инвеститорот си продолжи со изградбата и покрај издаденото решение за уривање.

Второстепената комисија оценила дека општинскиот градежен инспектор нецелосно ја утврдил фактичка состојба и го врати предметнот на повторно одлучување.

Локалното население и сопствениците на викендиците веќе подолг период имаат проблеми со со снабдувањето со вода. Поради тоа комуналното претпријатие на општината издаде мораториум за градба во овој дел сè додека не се реши проблемот со водоснабдувањето.

Претходен написи
Лаура Тиефентхалер соло на северната страна на Ајгер
Следен напис
Одрони на патот Маврово – Жировница