Нема да работи жичарницата на Водно

Вести

Жичарницата и автобуските линии до Средно Водно (25, 25А и 25Б) од денес нема да бидат во функција.

Времениот прекин на работа е согласно воведената делумна забрана за движење во шумите, побарана од ЈП „Национални шуми“ – Скопје, а одобрена од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со оглед на зголемената опасност од појава на шумски пожари на отворен простор.

Жичарницата и трите автобуски линии нема да работат сѐ до проценката на надлежните дека е намален ризикот од појава на шумски пожари, односно до отповикување на делумната забрана за движење во шумите.

Previous Post
Известување на Канцеларијата на ФПСМ
Next Post
Соопштение на Еколошка групација Грин Пауер