Непалскиот тим заедно на врвот К2

Вести

Нирмал „Нимс“ Пурја го сподели видеото на кое се гледа дека непалскиот тим заедно го искачува К2 за време на првото зимско искачување. Групата ја пееше националната химна на Непал за време на качување на последните метри. Нимс напиша:

Брат до брат, рамо до рамо, одевме заедно до врвот додека ја пеевме националната химна. Сите застанавме околу 10 метри пред да стигнеме до врвот да се прегрнеме и да ги направиме нашите последни чекори заедно и како тим, за да го одбележиме овој историски подвиг, првото искачување на К2 во зима.

Нема индивидуални агенди, нема индивидуална алчност, туку само солидарност и заедничка сила на тимот Непал со заедничка визија. Mногу сум горд на сите членови на тимот што го заработија ова за Непал и човештвото преку тешкотии, несебичен напор и што е најважно од се ЕДИНСТВО, докажувајќи дека ништо не е возможно! Чест ни е што го споделуваме овој момент со заедниците низ целиот свет.

Комплетниот тим беше Мингма Гјалје Шерпа (Мингма Г), Нирмал Пурја Пун Магар, Гелје Шерпа, Мингма Давид Шерпа, Мингма Тензи Шерпа, Дава Темба Шерпа, Пем Чири Шерпа, Килу Пемба Шерпа, Дава Тенинг Шерпа и Сона Шерпа.

Претходен написи
Стоицев Стоилко: Ништо не го спречува во неговите достигнувања
Следен напис
Мали хидроцентрали ќе никнат и во националниот парк „Маврово“
Мени