Нови алпинистички насоки на Остри врв

Вести

Минатиот викенд алпинистите на Македонската алпинистичка федерација искачија две нови насоки на северната страна на Остри Врв. Иако температурите не ветуваа многу, сепак се искористи максимумот од околностите. Едната наврска беше формирана од Александар Дончев и Горан Јорданов од А.К. “Скала”. Тие искачија насока со должина од 500м. и тежина AD, ја именуваа “Дрвце”. Втората наврска беше од Илија Циривири и Владо Настески од А.К. “Матка”, кои исто така искачија насока со должина од 500м, тежина WI5 60°/90° M3+. Насоката се вика “Стерна”. Овие две искачувања претставуваат мал дел од потенцијалот на овој локалитет, јавуваат од МАФ. Наскоро повеќе инфо за насоките и искачувањата.

Претходен написи
Емили Харингтон влегува во историјата на „Ел Капитан“
Следен напис
Попова Шапка лимитирана работа на ски лифтовите
Мени