Нов член во фамилијата skimacedonia

Вести

СкиМакедонија како здружение активно делува во промоција на ски регионите и националните паркови, туризмот и развојот на зимските и аутдор спортови. Наша главна цел е унапредување на дигиталните сервиси и инфраструктура корисна за зимскиот туризам и планинарството, но активно делуваме и во светот на скијањето. Во кратка најава , чест ни е што дел од нашата скијачка и сноуборд фамилија пристапува јавно лице.

Почнувајќи од оваа сезона 2021 година, СкиМакедонија за прв пат склучува соработка односно го ангажира и претставува како инструктор Тони Петковски или попознат како Тони Зен. Тони како долгогодишен скијач, дел од фрирајд и турно сцената, еден од водичите за скијање низ француските тури кои ги организираме под водство на Нехар Травел, е лиценциран ски инструктор воедно и член на МАИСС (Македонска асоцијација на инструктори за снежни спортови) при Македонската скијачка федерација. Тони во СкиМакедонија е одговорен за развој на ски школата и популаризација на скијањето меѓу младите. Доколку сакате да научите да скијате или сакате да го унапредите вашето теоретско и практично знаење во однос на скијањето, ќе имате уникатна можност тоа да го направите со можеби најпопуларното лице на ски терените. Заедно со нас ќе имате можност да развивате вештини во скијањето, планинарството, како и социјализација со своите врсници и скијање заедно низ Македонија и во странство.

Следете не за повеќе уникатни авантури заедно. За ски часови, резервирајте на нашата адреса skimacedonia@gmail.com или instagram/skimacedonia

Претходен написи
К2: Фотографии, детали и реакции за епското искачување
Следен напис
Од денес шестоседот на Попова Шапка во функција
Мени