Од денес шестоседот на Попова Шапка во функција

Вести

Конечно оваа сезона во функција новиот шестосед кој посетителите може да го користат и за панорамски разглед на Попова Шапка и околината.

Станува збор за супермодерна жичница, единствена од ваков вид во земјава. Должината на трасата на жичницата е 1.510 метри, со максимален
капацитет за транспорт на скијачи од 2.400 скијачи на час. Шестоседот е позициониран на локацијата од Мал Јелак до врвот на ски-лифтот
Ајдучка Рамнина (поранешно Ге). По трасата на новата жичница ќе се овозможат нови ски-патеки во должина од над 3 км. Жичница ќе работи редовно, како и останатите ски – лифтови, од 9 до 15,30 часот. Цената за едно возење на шестосед жичницата е 150 денари. Новата жичница со постојните ски – лифтови и жичници ќе овозможи подобар и побрз проток на скијачи и ќе малку повеќе избор на ски линии.

Очекуваме без пауза Владата најитно да засука ракави да се организира и разработи инвестициски план за нова шестосед жичара на потегот Церипашина и конечно замена на веќе крајно дотраената и рѓосана двосед жица. Секако важен дел во рамките на центарот е и гондолата Тетово Попова Шапка. Значи да повториме , гондола Тетово Попова Шапка и Шестосед Церипашина

Поздрав

Претходен написи
Нов член во фамилијата skimacedonia
Следен напис
Кои ски центри работат за скијање
Мени