Од печат излезе UIAA прирачникот за планинарење на Македонски јазик

Вести

Од печат излезе ПРИРАЧНИК ЗА ПЛАНИНАРЕЊЕ, за чија реализација беше одговорна ФПСМ. Основна намена на Прирачникот е да послужи како референтен учебник за обуките на планинарски водичи за категоријата А1-Планинарење по лесни патеки во летни услови, кои ги изведува КПВ (Комисија за планинарски водичи при ФПСМ), но е одлично четиво за секој планинар, качувач, алпинист, кој се грижи за безбедноста и напредувањето во својата омилена активност. Прирачникот е стандарден за сите членки на Меѓународната федерација за планинарење и качување-UIAA, и е поддржан од Фондацијата PETZL.

Прирачникот обработува различни теми, меѓу кои:

  • Природна средина
  • Метеорологија
  • Ориентација
  • Техники на водење група
  • Исхрана
  • Опасности
  • Спасување
  • Опрема
  • Качување
  • Алпинизам

Со гордост можеме да истакнеме дека секцијата за Метеорологија во ова издание е наш, македоснки придонес, комплетно изработена од редовниот предавач по Метеорологија на нашите обуки, Глигор Митковски, a истата, како составен дел од овој прирачник веќе се преведува и печати за потребите на обуките за планинарски водичи ширум светот. Добар дел од фотографиите во прирачникот исто така се фотографирани од наши, македонски автори.

Прирачникот, по повластени цени наскоро ќе биде достапен преку планинарските друштва и клубови, членки на ФПСМ, како и во јавната дистрибутивна мрежа.

Претходен написи
Академик Кедев го искачи Манаслу
Следен напис
Мерино волната водечки материјал за повеќе авантура
Мени