Осврт на голем вљубеник во скијањето повод случувањата во ски федерација

Вести

Став на Сашо Добрески, родител кој години наназад посветено вложува лично премногу во своето дете, кое пак од друга страна младоста ја остави на ски терените за спортски резултати.

Драги мои, би сакал да ве запрашам…Кога во животот сте фатиле во рака ракометна топка, или пак сте изиграле ракометен натпревар?И покрај тоа ние си даваме за право да бидеме најголеми критичари, стручњаци, и професионални познавачи на тој прекрасн спорт. И не само тој, тоа важи и за кошарката, фудбалот….На последното светско првенство во Египет, имаше лавина од коментари за нашите момци, а посебно за селекторот и неговите помошници, што резултираше со смена на целиот стручен штаб на Репрезентацијата во ракомет.Би сакал да направам една паралела со предходниот пример. Многу од вас знам дека неизмерно се радуваат на зимата снегот, сте се санкале, сте ги направиле првите чекори на скии, сноуборд…Пред краток период се одржа светско првенство во скијање во Италија и… Кој беа нашите резултати и каде се нашите реакции на исото….Мал е бројот од нас, кој што се запрашале дали има професионално скијање во Македонија.Дали во изминативе години сте слушнале за наши скијачи, нордијци, дали им ги знаете имињата, или пак недајбоже резултатите од некој натпревар.Ако за другите спортови имаме некој информации, за скијањето имаме……молк. Како да нема скијање во Македонија.Но да ве просветлам, во Македонија има скијање! Има деца кои го жртвуваат своето детство, за конечно да се доближат до светското скијање, има предадени професионалции кои си ја сакаат работата со, и поврзана со скијањето и несебично се заглагаат за истат цел, има родители кои непомогнати од никого сами сето тоа го финансираат, и сето тоа е на ниво на ентузијазам, несватено и непомогнато од тие што треба.Ние сме мала нација, па што, зарем треба да запреме тука, да не го сонуваме сонот, да ја убиеме надежта, да се прелееме во масата на летаргија и очај. Не драги мои големиот Анте Костечич рекол Ако твоите соништа не те плашат тогаш не се доволно големи.

Па ајде тогаш драги мои да се запрашаме, која е нашата Ски Федерација, кој се нашите луѓе задолжени за Македонското скијање, кој се наши репрезентативци, како стигнале во нашата репрезентација, кои се нивните резултати, и каде сме ние во светското скијање.На еден натпревар мојата реакција беше; Одлично трето место… коментарот на тренерот беше да но со кој заостаток. Замислите на стаза со 50тина капии вие да имате заостаток од првиот повеќе од 20 секунди. Дали тоа воопште треба да се коментира драги мои.А светот дури и нашето најблиско опкружвање не размислува така. За Словенците немаме зборови, Хрватите исто, Србите во брзински дисциплино имаат свои преставници во Светскиот куп, Босанците исто, Бугарите имаат во први 30 свој преставник, а Ние……Дали знаете дека во моментов се одржува Јуниорско Светско првенство во Банско на само 200км од нас, Нормално ниту знаеме, уште помалку дали учествиваме, со кои скијачи учествуваме тотален мрак.Истото важи и за нашето нордиско скијање, И таму имаше светско првенство, и повторно молк, нема резултати се кријат. Се кријат зошто се такви какви што се.И ве молам немојте да помислите дека текстов е насочен против нашите скијачи, сноубордери, нордијци. Не тоа се деца кои крв проплукале во нашава средина да се бават со овие спортови, се откажале од детството, удобностите на животот.Овој тект е наменет за сите нас директно или индиректно вклучени, во скијањето, па и за пошироката јавност.Запрашајте се зошто и покрај ваквите резултати на се што е поврзано со скијањето сеуште истите луѓе го водат истото. Каде е одговорноста за постигнатите резултати. Каде се информациите до целокупната јавност, каде е планот за иднината на овој спорт.Македонија беше колевка на скијањето на Балканот и во бившата држава, со многубројни скијачи, тренери, ентузијасти кои оставиле неизбришлив траг во историјата на овој спорт.Дајте да се радуваме со успеси, како нашите ракомертари, одбојкари, кошаркари, фудбалери итн.Конечно излезете од лагодноста на вашите фотељи, комбиња, канцеларии, скијањето е храбрите, тргнете ги вашите исплашени непрофесионални души од нашате заедничка иднинаНие го можеме тоа, со вистински луѓе на вистински места.

Претходен написи
Олимпиецот Пановски со едногодишен мандат нов претседател на ски федерација
Следен напис
Кризниот штаб во Србија ги затвара скијалиштата
Мени