Отпочнување на постапка за донесување на Законот за прогласување на Кањон Матка за споменик на природата

Вести

Министерството за животна средина и просторно планирање започна постапка за донесување на Закон за прогласување на Кањон Матка за споменик на природата. Просторот на локалитетот Кањон Матка се прогласува за споменик на природата, заради заштита на неговите природни вредности кои се од посебно значење за заштита на природата. Богатството и разновидноста на природните вредности (биодиверзитетот и геодиверзитетот) се основни причини Кањонот Матка да биде рангиран како еден од најзначајните локалитети на природно наследство во државата.

Со прогласување на Споменик на природата Кањон Матка за заштитено подрачје се овозможува – зачувување на природната состојба на локалитетот Кањон Матка преку заштита на природните и други вредности – спречување на дејствија што можат непосредно или посредно да предизвикаат нарушување на живеалиштата и екосистемите – создавање на поволни услови за заштита, зачувување и унапредување на биолошката и пределската разновидност – одржливо користење на природните ресурси на начин на кој не се загрозува опстанокот на живеалиштата и видовите.

Кањонот Матка е вклучен во Националната Емералд мрежа на подрачја од посебен интерес за зачувување на ЕУ, а бројните видови од Кањонот Матка се вклучени на прилозите на ЕУ Директивата за зачувување на природните живеалишта на дивата флора и фауна (1992/43/ЕЕС) и ЕУ Директивата за зачувување на дивите птици (2009/147/ЕЗ).

Во јуни 2020 година извршена е ревизија на Студија за валоризација на природните вредности на заштитеното подрачје – Споменик на природата Кањон Матка во поглед на предлог измена на постоечките граници и утврдување на предлог зоните во ГИС со наративни описи и дефинирање на режимот на заштита врз основа на Студија, која беше доставена до МЖСПП заедно со Предлогот за прогласување на заштитениот локалитет Кањон Матка за споменик на природа, донесен од Советот на Град Скопје, додека МЖСПП го изработи Нацрт-Законот за прогласување на Кањон Матка за споменик на природата.

Репрогласувањето на Матка треба да биде финализирано со донесување на Законот. Исто така треба да биде дефиниран и управувач со заштитеното подрачје и да се формира управувачка структура.

Претходен написи
Алекс Хонолд ќе стане татко
Следен напис
Заев ќе ја поврзува Попова Шапка со Брезовица
Мени