Падна првиот снег во Македонија

Вести

Снегот го побели врвот на Пелистер, Антена на надморска височина од 2601м. Ова се први снежни врнежи оваа есен.

Во Битола обилно врне дожд и се очекува врнежите да продолжат во текот на денешниот ден. Температурата во градот падна до 12 Целзиусови степени, што е вистинска промена, ако се знае дека до вчера, битолчани се шетаа по кратки ракави.

Од утре следува стабилно време.

Фото: Јонче Илиевски

Previous Post
Во Хрватска падна снег
Next Post
Планините на сонце градовите под магла