Пакистан: Трагедија, хеликоптери извидуваа за трите исчезнати планинари на К2

Вести

Спасувачки хеликоптери ја истражуваат областа за трите исчезнати планинари на К2

Прославениот пакистански планинар Ali Sadpara и двајцата придружници се прогласени за исчезнати во саботата откако нивниот тим за поддршка престанал да добива сигнали за време на нивното искачување на К2.

Ali Sadpara од Пакиста, John Snorri од Исланд и Juan Pablo Mohr од Чиле изгубија контакт со базниот камп откако им замрзнале уредите за комуникација и се водат како исчезнати повеќе од два дена, а се стравува од најлошото во вториот обид на групата да го искачат врвот оваа зима. Sadpara е искусен планинар и ги искачил 8те највисоки планини на светот.

Откако се губи трага на групата на втората највисока планина во светот, министерот за надворешни работи на Исланд Gudlaugur Thór Thórdarson, е во контакт со неговиот колега од Пакистан Shah Mahmood Qureshi, по што се огласи и министерството за надворешни работи на Пакистан дека сите потребни активности се преземаат во случајов. Воздушен надзор за да се најдат тројцата искусни планинари на K2 кои изгубија контакт со базата продолжи со воен хеликоптер но сепак безуспешно.

Тројцата се видени последно на некои 300 метра од врвот, во петокот на пладне.

K2 во венецот Karakoram со 8,611 метра надморска висина е една од најопасните планини на светот а ја викаат и “убиствена планина”. Минатиот месец, тим од 10 Непалски планинари постанаа први во светот кои ја искачија К2 во зима. Истиот ден, Шпанецот  Sergio Mingote, 49 години, умре откако падна во провалија при обидот да се симне назад во базниот камп.

Karrar Haideri, од Алпинистичкиот клуб на Пакистан за промоција на планинарски спортови, изјави дека потрагата по тројцата планинари се уште трае но дека се останати само молитви за нивно пронаоѓање живи откако телото на бугарскиот планинар Atanas Skatov беше најдено со хеликоптер на 5ти Февруари откако паднал во обид да го искачи K2.

Sadpara и неговиот тим ја напуштија базата на 3ти Февруари, еден месец откако првично се обидоа да се искачат но ги спречија суровите временски услови.

Иако Everest е повисок за 237 метри, сепак K2 е по на север на граница со Кина и е подложена на полоши временски услови согласно експертите со што искачувањето во зима го прави речиси невозможно заради непредвидливите услови.

Зимските ветришта на K2 одат и преку 200 километри на час со температури од -60 степени целзиусови. Во едно од најсмртоносните планинарски акции во 2008ма година, 11 планинари загинаа во еден ден на K2 .

Синот на Sadpara, Sajid, се вратил во базниот камп откако неговиот регуларот за кислород се пореметил на 8,000 метри. Истиот бил во спасувачкиот хеликоптер во Неделата.

“Нема надеж некој да преживее на 8,000 метри после три дена,” изјави Sajid Ali Sadpara. “Сега операцијата за пронаоѓање на телата треба да продолжи,” he added.

Интересно е што блогерот, професионален спортист во издржливост и светски рекордер Colin OBrady  се откажа од обидот за второ искачување кон врвот и остана во базниот камп со неговиот тим со што најверојатно и си ги спасија животите.

Согласно статистиката , забележани се повеќе од 360 успешни искачувања на K2 со 86 смртни случаи од 1954г наваму.

Претходен написи
Cortina 2021 – Светскиот Шампионат во Алпско скијање
Следен напис
Стоицев Стоилко: Ништо не го спречува во неговите достигнувања