Петмина алпинисти загинаа на Елбрус

Вести

Пет алпинисти загинаа откако беа фатени во снежна бура додека биле на највисоката планина во Европа, руската планина Елбрус. Четиринаесет други членови на групата биле спасени при силен ветер и ниска видливост во услови на температури од минус 20 степени, соопшти денеска Министерството за вонредни состојби.

Согласно информациите на надлежните органи, планинарските спасувачи спуштиле 14 алпинисти во долината Азау, а процесот на спасување се одвивал во многу тешки услови. Единаесет од преживеаните се пренесени во болница.

Инцидентот на 23 септември се случил кога група од 19 алпинисти, кои останале заробени на надморска височина од над 5.000 метри при нивното спуштање од планината. Елбрус е највисок врв во Европа и се смета за еден од најсмртоносните во светот, каде секоја година десетици алпинисти го губат животот.

Претходен написи
Freeride World Tour распоред на часови 2020
Следен напис
Академик Кедев го искачи Манаслу
Мени